Линкови за пристапност

Оптимизам по одлуката за помош на автоиндустријата


Новоизбраниот претседател Барак Обама реагираше со изјава до новинарите во која стои дека заемот е неопходен да се избегнат, „катастофалните последици по економијата и работниците“." Тој ги поттикна компаниите да не ја пропуштат шансата за реформирање на лошата управувачка пракса и на индустријата да и спасат милиони работни места кои зависат од неа.

Компаниите имаат време до крајот на март да изнесат план што ќе ги направи конкурентни на пазарот, или брзо да го отплатат заемот.

Првиот човек на Џенерал Моторс, Рочард Вагонер, кажа дека е благодарен за владината поддршка и дека е уверен оти компанијата ќе го положи тестот. ГМ ќе добие најголем дел од заемот, а Крајслер ќе го добие остатокот. Претставници на Форд ја поздравија одлуката, но кажаа дека нив сеуште не им треба помош.

Портпарол на канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека во сабота ќе го објави пакетот за помош на автоиндустријата во неговата држава.

Министерот за индустрија на Канада рече дека владата е волна да помогне со три милијарди долари заем за компаниите за автомобили, но само откако САД први реагираат. Износот на заемот е соодветен на канадскиот дел на северноамериканската автоиндустрија.

XS
SM
MD
LG