Линкови за пристапност

Американските  автопроизводители  близу до  договор за спасување


Две компании од таканаречената „Голема тројка" на американски автопроизводители наводно се близу до обезбедување заем од владата.

Последните извештаи велат дека договорот би можел да биде објавен уште денеска.

Џенерал Моторс и Крајслер беа во преговори со администрацијата за добивање 14 милијарди долари заем за да ја задржат солвентноста на компаниите до почетокот на 2009. Автопроизводителите и Белата Куќа водеа разговори од моментот кога пропадна спасувачкиот пакет во американскиот сенат минатата недела.


Џи Ем и Крајслер се погодени од глобалната рецесија, што доведе до затегнување на кредитите и намалување на побарувачката од потрошувачите. Компаниите велат дека нивните резервни оперативни фондови брзо се трошат и дека се приближуваат кон банкротство. Ситуацијата го принуди Клајслер да ги затвори сите 30 свои фабрики за најмалку еден месец, почнувајќи од денес.

XS
SM
MD
LG