Линкови за пристапност

Економија: Секој граѓанин должи по 500 евра


Граѓаните во Македонија на банките им должат околу една милијарда евра, или по околу 500 евра секој. И покрај економската криза и порастот на трошоците од банките признаваат дека засега нема сигнали дека е нарушена наплатата на долговите. Сепак, тие одлучија да го подигнат штитот и да се заштитат со зголемување на кредитните камати и со заострување на политиката на доделување кредити.

-Штедењето и во РМ не расте со темпо од пред кризата, односно расположливоста на средство за кредитна поддршка се намалува, и тоа се случува секаде во светот и РМ не е исклучок од тоа. Во РМ кредитната активност започнува, се уште се одобруваат кредити со високи износи, меѓутоа со оглед на економското опкружување критериумите за кредитна способност на клиентите се заострени, вели Глигор Бишев од Стопанска банка.

Првите зголемувања кај каматните стапки се случија кај кредитините картички, потоа на потрошувачките кредити, па на станбените долгорочни кредити, кои сега се од 12,5 до 16 проценти, што е зголемување од досегашните 12 проценти.

Сепак проценките на кредиторите се дека нема сигнали дека е солабена способноста на гражаните за исплата на долговите, барем засега.

-Во услови на намалени стопански активности нормално е дека може да дојде до нарушена кредитна способност и токму од тие причини со посебно внимание се пристапува кон новите одобрувања, значи при оценувањето на општиот бонитет на клиентот што се кредитира, објаснува Маја Штериева од Комерцијална банка.

Експертите пак очекуваат и граѓаните да го запрат налетот на земање кредити што започна во летниот период и со тоа да самозаштитат од тонење.

-Едноставно граѓаните ќе мораат исто така во оваа ситуација на еден или друг начин да го сменат своето однесување . Ако се повисоки каматните стапки, ќе мора повеќе да бидат претпазливи да не земаат кредити, иако има една категорија луже, тоа епознато во економијата, која постојано сака да живее на кретид па ќе зема и натаму кредити ако е тоа можно. Меѓутоа, мислам дека тка банките доста ќе притиснат, вели професорот Таки Фити

Според истражувањата, секој вработен во Макеоднија, во просек должи по 1650 евра, или по околу 500 евра на секој граѓанин, во споредба со минатогодишниот просек од 337 евра.

Македонските граѓани најмногу се задолжени со потрошувачки кредити, дури 38 проценти, по околу 21 процент се кредититите за станови и за автомобили, а по 5 проценти се кредитните картички и црвените салда.

XS
SM
MD
LG