Линкови за пристапност

Магазинот Тајмс го избра Барак Обама за Личност на годината


Тајмс му одаде признание на новоизбраниот американски претседател поради, како што вели, „успехот да доминира во јавната сфера“ за кусо време колку што се наоѓа на националната сцена.

Во образложението на одлуката на овој магазин понатаму се додава дека идниот претседател ги надминал сите социјални и расни предрасуди што постоеле со векови за да стане прв претседател на САД со афро-американско потекло.

Новоизбраниот американски претседател за Тајмс изјави дека наредните две години се надева дека ќе биде во можност да реши бројни прашања, вклучувајќи го санирањето на американската економија, затворање на затворот на Заливот Гвантанамо и повлекување на трупите од Ирак.

XS
SM
MD
LG