Линкови за пристапност

Стапката на невработеност во САД останува висока


Бројот на Американци кои бараат помош заради невработеност остана на највисоко ниво за последниве 26 години и изминатава недела.

Извештај од Одделот за труд вели дека 554 илјади новоотпуштени работници се пријавиле за владина помош.

Тоа е намалување од 21-илјада, но сеуште е на доволно високо ниво да индицира натамошно опаѓање на пазарот на работна сила.

Соопштението доаѓа еден ден откако третиот најголем произведувач на автомобили во Америка, Крајслер, соопшти дека ќе ги затвори сите 30 фабрики за најмалку еден месец, започнувајќи од петок.

Американските автопроизводители традиционално имаат двонеделно затворање на фабриките за Божиќ и Нова Година, но Крајслер вели дека затворањето овој пат е предизвикано од драстично намалената побарувачка за нови возила.


XS
SM
MD
LG