Линкови за пристапност

ОПЕК го намали производството на нафта, но нејзината цена и натаму паѓа


За време на средбата во Алжир, министрите за нафта од земјите членки на ОПЕК соопштија дека ќе го намалат дневното производство на нафта за 2,2 милиона барели.

Претседателот на ОПЕК, Калиб Келил изјави дека се надева оти изненадил со одлуката и дека доколку светот сепак не е изненаден, „треба да се преземе нешто околу тоа“.

Но, се чини дека инвеститорите не беа изненадени од најновата ситуација. Цената на суровата нафта по тргувањето на берзата во Њујорк падна на најниско ниво во последниве четири години и барел сурова нафта чини околу 40 долари.

Новите извештаи покажуваат дека побарувачката на нафта во САД, светски најголемата економија, и натаму се намалува, а владата вели дека минатата недела е забележано благо зголемување на американските резерви на сурова нафта.

XS
SM
MD
LG