Линкови за пристапност

Барак Oбама именува нови финансиски регулатори


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама избра тројца долгорочни финансиски регулатори за кои вели дека ќе помогнат да се воспостават нови правила за заштита на економијата.

Обама денес ја назначи Мери Шапиро за раководител на комисијата за хартии од вредност, што ги регулира финансиските пазари. Тој кажа дека таа ќе внесе нов дух на одговорност во оваа комисија.

Агенцијата беше критикувана за тоа што многумина го нарекуваат недостиг на надзор на финансиските институции на Вол Стрит пред колапсот на големите инвестициони банки. Оваа комисија се обвинува и за потфрлањето да предупреди за наводниот криминален инвестиционен фонд со кој раководел Бернард Медоф.

Новоизбраниот претседател го именува и поранешниот претставник на Одделот за финансии Гери Генслер, како раководител на агенцијата што врши надзор на пазарите и комуналиите. Обама исто така го избра и Ден Таруло, професор по право и советник на поранешниот претседател Бил Клинтон – да служи на бордот на американската Централна банка.

XS
SM
MD
LG