Суд
на ОН го осуди поранешниот полковник
во армијата на Руанда на доживотен затвор заради неговата улога во правење заговор
за геноцидот во земјата во 1994.
Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда со седиште во Танзанија најде дека Теонесте Багосора е виновен за
геноцид против човештвото и за воени кривични дела.
ОН го опишува Багосора
како еден од главните извршители на масакрите во 1994 во кои се
убиени според проценките 800 илјади лица.
Двајца други поранешни армиски офицери исто така се осудени денеска за улогата во масакрот што траел 100 дена.
Канаѓанецот кој ги водел мировниците во Руанда Ромео Даларе го опиша Багосора како Хуту екстремист кој објавил дека армијата раководи со државата.
Во неодамнешно интервју Даларе за СиЕнЕн кажа дека во рок од неколку часа од декретот, владините трупи и цивилни единици за убивање започнале со масакрот на етничките Тутси.