Линкови за пристапност

Обама избира членови за кабинетот со фокус на чиста енергија


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама ги соопшти имињата на негови избраници за секторите за земјоделие и внатрешни прашања, за кои тој вели дека дека се подготвени да се соочат со предизвиците на државата во областа на енергијата и природни ресурси.

На прес конференција во Чикаго, Обама го претстави поранешниот гувернер Том Вилсак од Ајова како негов избор за раководител со Одделот за земјоделие. Вилсак, демократ, е силен поборник за развивање извори на алтернативна енергија, познати како биогорива, што може да се произведат од фармерски продукти, како што е пченката.

Обама го фалеше Вилсак за работата на, како што рече, „земјоделска економија на иднината“.

Новоизбраниот претседател го именуваше демократскиот сенатор Кен Салзар од државата Колорадо да раководи со Одделот за внатрешни прашања, кој се грижи за федералното земјиште на државата. Салазар до крајност ја туркаше експлоатацијата на енергијата во западниот дел на САД. Како секретар за внатрешни работи тој ќе има надзор врз дупчењето за нафта и гас на владино земјиште.

XS
SM
MD
LG