Линкови за пристапност

2008 -  меѓу десетте најтопли години во историјата


Светската метереолошка организација соопшти дека сите 10 години со највисоки регистрирани температури биле во изминативе 12 години, што покажува дека трендот на глобално затоплување, продолжува.

Во овогодишниот извештај на организацијата се вели дека забележано е невообичаено топло време во многу делови на Европа, а скандинавските земји ималe рекордно најтопла зимска сезона. Нивото на водата на Артичкото Море е најниско, споредено со периодот од 1979 година, откако започнале мерењата, вели извештајот.

Генералниот секретар на Светската метеролошка организација, Мајкл Џаруд вели дека климатските екстремни ситуации, вклучувајќи и катастрофални поплави, големи и долготрајни суши, снежни бури, топлотни и ладни бранови, биле регистрирани во многу делови од светот.

Тој издвојува еден екстремен настан во 2008, циклонот Наргис, кој ја погоди Бурма, при што загинаа околу 80.000 лица и беше предизвикана огромна хуманитарна криза. За годинава тој вели дека била необична, а сезоната на урагани предизвикала големи штети на Карибите, во Централна Америка и во САД.

За прв пат годинава, вели Мајкл Џаруд, САД ги погодија и шест последователни тропски циклони. Три големи циклони ја погодија Куба. Од неколкуте циклони на Хаити, загинаа преку 500 лица.

Годинава е карактеристична и по се позачестената појава на монсуни, особено во Јужна Азија. Од нив загинаа преку 2.000 лица, а преку 10 милиони лица останаа без покрив над главата. Во Југоисточна Австралија беше регистрирана долгоготрајна суша.

Од друга страна, според извештајот на Светската метеролошка организација, деловите на суб-Сахарска Африка, вклучувајќи ја и Западна и Источна Африка, беа погодени од силни дождови што резултираше со рекордни поплави во Зимбабве. Сезоната на монсуни погоди преку 300.000 луѓе во Западна Африка.

XS
SM
MD
LG