Во Националната ботаничка градина во Вашингтон во тек е празнична изложба што измамува воздишки - минијатурни возови секојдневно итаат по „Патеката на бајките“, домот на Дедо Мраз, „Тајната планина“ и „Градината на гасениците“ – сите поставки на еден волшебен свет направен од тикви, печурки, шишарки и други природни материјали.
Возовите доаѓаат од сите страни. Зградите и пејсажите се направени од растенија. Холи Шимицу, директор на градината, вели дека седум различни возови минуваат низ градината - низ оваа земја на чудата, каде чекаат бројни изненадувања.
Со 200.000 посетители, ова е период на најголема фрекфенција во годината за ботаничката градина и изложба поставка посветена главно на децата.
Џорџа Хофен има 9 години и дошла со семејството дури од Австралија. Вели, градината многу и` се допаѓа.
Архитектот и колекционерот на мали возови Пол Боси ја создал оваа земја на чудата. Директорот Шимизу објаснува како дошло до ова: „Му рековме дека темата е – деца. Многу од нештата се инспирирани од познатите детски песни. На пример, старицата која живее во чевел“.
Макетите на најпознатите згради во Вашингтон, како Капитол Хил, се направени од растенија и други природни материјали. Американската ботаничката градина во овој дел на годината се претвора во земја на чудата, не само за децата туку и за постарите. Впрочем, , во секој од нас се крие по едно дете, зарем не?