Линкови за пристапност

ОПЕК се очекува да го намали  производството на нафтата


Саудиска Арабија вели дека Организацијата на земјите извознички на нафта ќе го намалат производството на нафта за рекордни два милиони барели дневно по средбата во Алжир.

Министрите за нафта бараа намалување на производството за да се стабилизираат цените што паднаа повеќе од сто долари за барел од јули наваму. Официјалното соопштение се очекува подоцна денеска.

Членките на ОПЕК може да добијат и помош. Произведувачот што не е член на организацијата, Азербеџан, понуди да го намали своето нафтено производство, а и Русија вели дека може да го намали производството во 2009 доколку цените не се стабилизираат.

Сировата нафта за идна достава порасна за помалку од еден долар, на помалку од 44 долари за барел, за време на електронското тргување во Њујорк.

Инвеститорите имаат мешани реакции на вестите за цената на нафтата и вчерашното големо намалување на каматните стапки во САД. Цените на азиските акции покажаа добивка до затворањето, додека европските пазари беа различни во попладневната трговија.

XS
SM
MD
LG