Линкови за пристапност

Наводна масовна проневера причина Конгресот да поведе истрага


Еден од клучните претставници на Конгресот закажа распит за да се утврди како американските регулаторни органи не успеале да забележат знаци на наводна проневера на 50 милијарди долари од страна на американскиот бизнисмен Бернард Медов.

Конгресменот Пол Кањорски вели дека распитот закажан наредниот месец е дел од напорите за реформа на законите што се однесуваат на американскиот финансиски пазар.

Директорот на Комисијата за размена на хартии од вредност Кристофер Кокс денес изјави дека многумина од ова регулаторно тело веќе го истражуваат случајот, како и дека Медов лажел пред регулаторните претставници и иследниците.

Медов е обвинет дека ги злоупотребил влоговите на новите инвеститори во својата компанија за да ги исплати дивидендите на другите инвеститори, со цел да создаде впечаток дека компанијата бележи профит. Ваквото нечесно работење во економијата е познато под називот „пирамидална шема“.

Медов денес беше пуштен да се брани од слобода и се наоѓа во домашен притвор. Тој носи електронска алка со која властите може да го контролираат неговото движење.

XS
SM
MD
LG