Линкови за пристапност

Истражување:  рецесијата погоди 63 проценти од Американците


Најново истражување на јавното мислење покажа дека околу две третини од Американците се погодени од рецесијата и се загрижени дали ќе го задржат досегашниот начин на живот. Тие сметаат дека нацијата е во период на економско опаѓање.

Во анкетата на вестите на ТВ-мрежата Еј-Би-Си и весникот Вашингтон Пост спроведена нешто порано месецов биле опфатени околу 1.000 испитаници.

На загриженоста на Американците денес надодаде Стенли Морган, една од најголемите американски фирми што работи со хартии од вредност, која пријави загуба од над две милијарди долари за последното тромесечје. Фирмата вели дека загубата се долижи на „несекојдневните услови на пазарот“.

Во тие услови спаѓа и подзастанатиот пазар на комерцијални недвижнини ширум САД. Националната асоцијација на агенти за недвижнини соопшти дека инвестиционите активности „речиси замреле“, односно дека кредитирањето за комерцијални намени во основа запрело.

XS
SM
MD
LG