Линкови за пристапност

Британските трупи ќе го напуштат Ирак  кон средина на 2009


Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека британските трупи ќе ја завршат мисијата во Ирак до 31-ви мај 2009, а ќе заминат оттаму до крајот на јули.

Гордон Браун и ирачкиот премиер Нури Ал-Малики, издадоа заедничко соопштение во Багдад, по нивната претходно ненајавена средба.

Премиерите реакоа дека партнерството на нивните земји ќе добие нова димензија откако британските сили ќе заминат од Ирак. Британија сега има 41 илјада војници во Ирак.

Во друг развој на настаните, ирачката полиција соопшти дека во двоен бомбашки напад во централен Багдад загинаа најмалку 18 лица, а повредени се повеќе од 50-тина.

Полицијата соопшти дека првиот автомобил-бомба експлодирал во близина на полициска станица на неколку километри од местото каде Браун се среќавал со ирачки официјални лица. Неколку минути подоцна и втората бомба експлодирала во непосредна близина.

XS
SM
MD
LG