Линкови за пристапност

Проневера на Вол Стрит


Американските финансиски регулатори соопштија дека ќе ја ликвидираат инвестиционата фирма на Бернард Медов, американски бизнисмен, обвинет за проневера на 50 милијарди долари преку измама на инвеститори.

Корпорацијата за заштита на инвеститорите изјави дека било очигледно оти на корисниците на фондот на Медов им била потребна заштита и тоа со закон.

Оваа корпорација е група спонзорирана од владата и главна задача и е да ги заштити клиентите во случај на пропаст на брокерски компании.

Медов беше уапсен на 11-ти декември и обвинет за измама на инвеститорите. Проневерата е откриена откако клиентите поради глобаланата финансиска криза си ги побарале своите влогови.

Властите сметаат дека Медов тајно ги користел влоговите од новите инвеститори за исплата на други инвеститори, шаблон познат како пирамидална измама.

Адвокатот на Медов изјави дека неговиот клиент има намера да се справи со овој „ несреќен склоп на настани".

XS
SM
MD
LG