Линкови за пристапност

Рецесијата се продлабочува во САД


Малопродажните цени во САД рекордно падна во ноември, со паѓање на цената на нафтата и намалената побарувачка заради продлабочувањето на рецесијата во најголемата економија во светот.

Во друг извештај се вели дека бројот на нови домови во изградба во САД паднал на најниско ниво во ноември одразувајќи ги континуираните проблеми во кредитната сфера.

Новите економски извештаи направија да е уште поверојатно американската Централна банка да се обиде да го поттикне позајмувањето со намалување на клучните каматни стапки подоцна денеска. Акцијата на американските Федерални резерви ќе направи да е поевтино да се позајмуваат пари за проширување на бизнисите и да се зголеми потрошувачката.

Надлежните се очекува да соопштат и други напори за стабилизација на економијата.

XS
SM
MD
LG