Линкови за пристапност

Откриени над илјада нови животински видови во Југоисточна Азија


Меѓународна група за заштита на животната средина соопшти дека научниците идентификувале повеќе од 1000 нови видови на животни во Големиот Регион Меконг во текот на изминатата деценија.

Новиот Светски фонд за животски живот објави дека зајаци со линии на крзното, светло- розови стоногалки и пајаци поголеми од чинија се во групата животински видови пронајдени во регионот.

Според Фондот, истражувачите пронашле 1068 растителни и животински видови кои претходно не биле регистрирани или се верувало дека не постојат.

Извештајот вели дека повеќето од новите видови се пронајдени во претежно неистражените џунгли и мочуришта долж 5000 километри долгата река Меконг, која минува низ шест југо-источни азиски држави – Кина, Бурма, Лаос, Талјанд, Камбоџа и Виетнам. Но некои видови најпрво беа забележани на необични места – како лаоскиот глушец кои живее околу камења, а за кој се верувало дека е истребен пред 11 милиони години, а кој бил забележан на локален пазар за храна.

XS
SM
MD
LG