Новоизбраниот американски претседател Барак Обама го избра шефот на јавните училишта во градот Чикаго за прв човек во Одделот за образование.
Обама го именуваше Арни Данкан, кој е познат како реформатор, за секретар за образование. Обама ова го објави на прес-конференција во едно од училиштата за кои Данкан доби признанија за воведените реформи.
Обама рече дека подобрувањето на јавниот образовен систем е основен услов САД да останат глобален економски лидер во 21-от век.
Кон крајот на неделата, новоизбраниот претседател се очекува да го именува демократскиот сенатор Кен Салазар од Колорадо за секретар за внатрешни работи, оддел што има во надлежност национални паркови и природни ресурси на земја во сопственост на државата.