Возбудата што трае по победата на Барак Обама на претседателските избори за некои може да биде доста вносен бизнис. Продавниците за сувенири во Вашингтон очекуваат рекордна заработувачка за време на инаугурацијата на новиот претседател, кога се очекуваат околу четири милиони посетители.
Шели Мартинез е од Детроит. Во Вашингтон трага по сувенир од инаугурацијата за нејзиниот татко:
Знам дека ќе го чува до крајот на животот. Тоа е неговата пасија.
Има сувенири за сечиј вкус. Од инаугуративно пенкало за 50 центи, до копија на работна маса од Овалната канцеларија во Белата куќа, која се продава за 9.000 долари!
Џим Варлик ќе отвори шест продавници за сувенири специјално за инаугурацијата на Обама:
Ќе најмиме нови 75 лица и ќе работиме цела ноќ.
Сам Јун е уличен продавач. На ова место има тезга веќе 30 години. Очекува продажбата за време на инаугурацијата на Обама да биде за 15 проценти поголема отколку онаа при инуагурацијата на сегашниот претседател Буш на неговиот втор мандат. Тој во бизнис стил - резонира:
Господин Обама – многу подобар од господин Џорџ Буш.
За време на инаугурацијата, улиците на Вашингтон ќе бидат преполни со трагачи по сувенири. Секој ќе сака дома да понесе потсетник од дента кога афро-Американец и официјално стана претседател на САД.