Линкови за пристапност

2008-та низ призма на џезот:  година на почести за великаните 


Светот на џезот годинава што изминува бележи многу остварувања во чест на великаните на овој стил. Еден од најпродаваните џез-албуми на композиторот и ветеран на клавијатурата Херби Хенкок стана популарен и меѓу љубителите на поп-музиката. Албумот посветен на Џони Мичел – “River: The Joni Letters”, на кој еден од изведувачите е и Нора Џонс, доби три награди Греми, вклучувајќи ја и наградата Албум на годината. Ова е втор џез-албум во музичката историја да освои ваква награда.

Пејачот Мајкл Бублеј најголем дел од 2008-мата беше на врвот на листата џез-албуми со “Call Me Irresponsible”. Веднаш зад него беа албумите на саксофонистите Кени Џи и Дејвид Санборн, трубачот Крис Боути и надежниот басист Есперанца Спалдинг.

Членовите на групата „Return To Forever“, популарна во 70-те, повторно се собраа и имаа мошне успешна турнеја со компилационен албум.

Годинава ја одбележа и еден мошне невообичаен дует, џез-трубачот Винтон Марсалис и кантри пејачот Вили Нелсон, на албумот со наслов „Two Men With The Blues“.

Џез-сезоната на чествување на великаните започна уште во јануари, со концертот во чест на 90-от роденден на покојниот пијанист Телониус Монк. Кариерата на пејачката Били Холидеј беше одбележана со објавувањето на нејзината нова биографија. Во Њујорк беше отворена изложба на фотографии на Мајлс Дејвис, на 50-тата годишнина од неговиот познат албум “Kind Of Blue”.

Вашингтон го врати своето реноме како еден од светски најпознатите џез-дестинации. Само годинава, главниот град на САД беше домаќин на 4-от по ред џез фестивал Дјук Елингтон, 7-та годишна церемонија „Месец во знак на џезот“, како и деветдневната прослава на историјата на џезот во Вашингтон од периодот на раните 1900-ти до 1968-ма година.

2008-мата светот го напуштија неколку џез-великани: легендарниот џез и соул пејач Џими Мекгриф, кларинетистот Џими Џофри, пијанистите Дејв Мекена и Џералд Вигинс, гитаристите Џо Бек и Хирам Булок, фронтменот Боб Флоренс и биг-бенд пејачот Џо Стафорд.

Еден поглед и во тоа што не` очекува во новата година: “Blue Note Records” ќе ја одбележи 50-тата годишнина од постоењеto, а оскаровецот Форест Витaкер ќе го режира и ќе игра главна улога во филмот посветен на животот на Луис Армстронг. Филмот носи ист наслов како и бесмртната нумера на Армстронг - „What A Wonderful World“.

XS
SM
MD
LG