Последните
истражувања покажуваат намалување на
малопродажбата во однос на истиот период лани дури и со драстично намалени цени. Многу продавници
зависат од прометот направен
во ова врме на годината, што води до Божиќ, за нето профит.
Но сите податоци укажуваат на тоа
дека американските потрошувачи ги намалуваат трошоците како одговор на паѓањето на берзите, на цените на домовите и се поголемата невработеност.
Најголемиот трговец со електроника во САД - Best Buy - вели дека профитот на
компанијата паднал 77 проценти од јули до септември.
Компанијата исто така вели дека понудила отпремина на околу четири илјади работници во
седиштето на корпорацијата.
Друг знак дека темпото на
бизнисот опаѓа е соопштението на
најголемата светска авиокомпанија, Делта, дека до март ќе се префрли на помали авиони на линијата Њујорк – Вашингтон , заради помалиот промет
.
Американските авиокомпании исто така ги намалуваат екипажите. Одделот за сообраќај вели
дека бројот на лица работени од американските авиокомпании паѓа веќе четврти
месец по ред и за изминатта година се
намалил за околу шест проценти.
Во меѓувреме американска консултантска фирма вели дека
работниците ќе добијат најмало
зголемување на платите во 32 години, со оглед на напорите на компаниите да ги намалат трошоците во лошата економска состојба. Hewitt
Associates вели дека анкетирала 640
големи компании кои вработуваат вкупно 13 милиони работници.