Линкови за пристапност

Пензионерите се` поретко во Флорида поради кризата  


Флорида ги чувствува последиците од влошената економска состојбата. Бројките покажуваат пад на таканаречените „птици преселници“ – постари лица кои ги минуваат зимските месеци во топлата клима во оваа сојузна држава.

Прекрасните плажи и благи температури чинат местото Кокоу Бич во Флорида секоја година да биде дестинација за постарите лица кои сакаат да ги избегнат студените зими во северните краишта на земјата. Но, забавената економија негативно се одрази на ваквата миграција.

Мислам дека се работи за економијата во целост. Особено пензионерите се двоумат дали да дојдат во вакви услови – попрво би биле поблиску до дома, а и се плашат да ги потрошат парите, вели Лиза Дургин, агент со недвижнини во Кокоу Бич.

Според Дургин, некои агенти изнајмиле само половина од недвижностите зимава, а вообичаено букираноста е – 100%.

Ејб Пизам од Универзитетот на централна Флорида коментира дека „птиците-преселници“ поради влошената економија загубиле дел од пензиските фондови засновани на акции и сега одбираат поефтини дестинации од Флорида:

-Или остануваат дома, или одат на Карибите, или пак Латинска Америка. На пример, Аргентина. Таму локалната валута е врзана за доларот и тоа е ефтина варијанта за Американците.

Вкупниот број на туристи во Флорида опаднал за 3, 2 проценти во третиот квартал годинава, споредено со истиот период лани.

XS
SM
MD
LG