Линкови за пристапност

Обама свика средба со соработниците за национална безбедност


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама свика средба за националната безбедност во Чикаго со првите лица во неговата влада задолжени за дипломатија и безбедност.

На средбата беа повикани идната државна сектетарка Хилари Клинтон, актуелниот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој ќе ја задржи функцијата и во новата влада, идниот главен обвинител Ерик Холдер, како изборот на Обама за секретар за домашна безбедност, гувернерката од Аризона Џенет Наполитано. Требаше да учествуваат и началникот на Здружениот генералштаб Мајкл Малин, идниот амбасадор во ОН Сузан Рајс, сегашниот директор на националното разузнавање Мајк Меконел, како и идниот советник за национална безбедност Џејмс Џонс.

Обама одвоено на прес-конференција Обама треба да го именува нобеловецот-физичар Стивен Чу за секретар за енергетски прашања.

XS
SM
MD
LG