Линкови за пристапност

По Ирак, Буш во посета на Авганистан


Американскиот претседател Џорџ Буш се заложи за продолжување на безбедносните напори во Авганистан за време на средбата во Кабул со домаќинот Хамид Карзаи. Буш рече дека САД и натаму се насочени на тоа да го поразат Талебан во Авганистан, но предочи дека за стабилизација на земјата ќе биде потребно извесно време.

За време на ненајавената посета на Авганистан Буш се обрати и пред американските војници во нивата база пред да се сретне со претседателот Хамид Карзаи во Кабул.

Буш најави дека Карзаи може да смета на тоа американска влада да продолжи со борбата против бунтовниците на Талебан. Новоизбраниот американски претседател Барак Обама веќе вети дека ќе ги зајакне силите во Авганистан откако ќе стапи на функцијата во јануари.

Карзаи,пак, порача дека авганистанската поддршка за меѓународните сили и натаму е голема и дека нема да дозволи меѓународната заедница да замине пред земјата да стане доволно силна самата да се брани.

XS
SM
MD
LG