Извештајот од сенатската комисија што врши надзор на армијата вели
дека високи претставници, меѓу кои и поранешниот секретар
Рамсфелд, авторизирале „агресивни испрашувачки техники“ кои директно
резултирале во малтретирање на приведени и испраќање порака до светот
дека за американските сили
ваквото однесување е дозволено.
Извештајот вели дека злоупотребата вклучува ставање на приведените во стресна положба, одземање на облеката, употреба на кучиња за заплашување, оневозможување на спиење и употреба на симулирачки техники на давење.
Портпарол на поранешниот секретар за одбрана Доналд Рамсвелд, ги отфрли обвиненијата нарекувајќи ги „неосновани“.
Претседавачот на сенатската комисија за оружени сили Карл Левин рече во писмена изјава кажа дека несовесно е високи претставници да обвинуваат пониски по ранг за злоупотреба во постапувањата во Гвантанамо, затворот Абу Граиб во багдад и на други локации. Сенаторот од Демократската партија кажа дека 18-месечната истрага е обид да се исправат работите во надеж дека со признавањето на грешките од страна на Америка, ќе помогне да се изгради повторно загубената добра волја.
Портпаролот на Пентагон, Брајан Витман, реагираше на извештајот со зборовите дека Одделот за одбрана соработувал со сенатската истрага и оти ќе го проучи најновиот извештај.
„Детално ќе го проучиме извештајот. Доколку увидиме дека тој содржи каква било нова информација по која сметаме дека ќе треба да реагираме, секако дека ќе го сториме тоа“, вели Витман.
Надлежните велат дека информацијата добиена преку тортура или друг вид на малтретирање, можно е да не биде валидна за американските судови. Тоа беше и главната причина што администрацијата на претседателот Буш воспостави систем на воени комисии задолжени за надзор на центарот за притвор на Заливот Гвантанамо.
Критиката смета дека овој систем е нечесен и оти притворениците треба да бидат префрлени во обични затвори во САД, а нивните случаи да бидат изложувани во регуларни американски судови.
Сепак, наскоро администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама ќе мора да одлучи како ќе одговори на овој извештај на Сенатот и како ќе постапи со притворувањето, судските постапки и евентуалното ослободување на 250-те осомничени лица кои и натаму се држат во притвор на Заливот Гвантанамо.