Линкови за пристапност

Приведен ирачкиот новинар што фрли чевли на американскиот претседател


Ирачката влада го приведе известувачот кој фрли чевли на американскиот претседател Џорџ Буш.

Ирачки официјални лица во Багдад веднаш го осудиле актот на новинарот Мунтазер ал-Заиди и барале извинување од неговиот работодавец, телевизијата ал Багдадија.

Ал Багдадија како одговор побарала ослободување на новинарот. Телевизиската куќа кажала дека ослободувањето би било во корелација со „слободата на изразување“ што САД им ја ветиле на сите Ирачани.

Поранешниот адвокат на Садам Хусеин за мрежата ал Џезира кажал дека ќе го брани ал-Заиди пред суд.

Буш по инцидентот се пошегувал на своја сметка, велејќи дека не се почувствувал загрозен.

XS
SM
MD
LG