Линкови за пристапност

Буш вели дека САД се определени за поразување на Талебан во Авганистан


Американскиот претседател ова го кажа на претходно ненајавената посета на Кабул каде ги посети американските трупи во воена база пред да се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Претседателот Буш на господинот Карзаи му рекол дека може да смета на новата администрација на САД за борба против бунтовништвото од Талебан, но предупреди дека за стабилизација на земјата ќе биде потребно време.

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама штом официјално ќе ја преземе функцијата во јануари, се очекува да го зголеми нивото на војници во Авганистан.

Карзаи истакна дека авганистанската јавна поддршка за меѓународно присуство во земјата и натаму е силно. Тој додаде дека нема да дозволи меѓународната заедница да го напушти Авганистан пред земајата да биде доволно силна сама да се брани.

XS
SM
MD
LG