Линкови за пристапност

Директорот на ММФ бара поголеми напори за зајакнување на економијата


Главниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан ги повика државите и нивните централни банки да преземат поенергична акција за стимулирање на забавената глобална економија.

Штраус-Кан кажа дека без поголем стимулативен пакет би можело да дојде до застој во економската обнова, предвидена кон крајот на следната година. Тој на прес-конференција во Шпанија најави и дека светот можеби е пред глобална рецесија.

Глобалното економско забавување наштети дури и на кинеската економија која е во подем. ММФ како резултат на кризата можеби ќе го намали предвидениот економски растеж на Кина наредната година од 8 на 5 проценти.

Претседателот на Светската банка Роберт Зелик, пак, во Пекинг изјави дека најдобар начин Кина да и` помогне на светската економија е да ја зајакне сопствената.

XS
SM
MD
LG