Линкови за пристапност

Официјален Вашингтон бара начини како да ја стимулира економијата


Американските пратеници во Конгресот и Белата куќа се` уште бараат начин како да помогнат на автомобилската индустрија – еден од клучните компоненти на американскиот производствен сектор.

Претседателот Џорџ Буш денес изјави дека процесот нема да трае долго поради, како што кажа, кршливоста на автомобилската индустрија. На овој сектор и сродните бизниси отпаѓаат милиони работни места ширум земјата.

Според нов извештај на Американската централна банка, забавеното призводство на автомобили резултирало во пад на американското индустриското производство во целина за шест десетини на процентот во ноември. Извештајот е дел од економските податоци што првите луѓе на Федералните резерви денес и утре ќе ги разгледуваат на средба во Вашингтон на која се обидуваат да најдат начин да ја поттикнат економијата.

Повеќето економисти очекуваат во вторник Федералните резерви да одлучат да ја скратат клучната каматна стапка од еден на само половина процент.

XS
SM
MD
LG