Линкови за пристапност

Сенатот не го одобри пакетот помош за  американската автоиндустрија


Лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид неуспехот го нарече „огромна загуба за земјата“. Републиканските законодавци соопштија дека пакетот помош не бил одобрен бидејќи од Синдикатот на вработените во индустријата не се согласувале да одредат рок за намалување на платите.

Администрацијата на претседателот Буш неуспехот да се најде решение за проблемот го нарече „разочарувачки“ чекор, велејќи дека тоа било најдобриот начин да се избегне „хаотично банкротство“.

Демократите ја повикуваат актуелната администрација да пренасочи дел од фондот за спас на финансиската индустрија во земјата тежок 700 милијарди долари, за да им се помогне на автомобилските производители. Од Белата куќа денеска соопштија дека можно е да и помогнат на индустријата одделувајќи дел од овие средства, што е голема промена во ставот на администрацијата. Актуелната влада истакана дека загубата на само една од ове компании, може да донесе елиминирање на еден милион работни места во време кога американската економија е веќе во рецесија.

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама го повика Конгресот и актуелната администрација да „изнајдат начин“ и да им помогнат на трите најголеми автомобилски компании во земјата.

Во меѓувреме, во најнов извештај за економската ситуација во САД, се наведува дека проблемите во автомобилската индустрија негативно влијаат на американската економија, поради фактот што намалената продажба на автомобилите, придонесува и за намалување на потрошувачката воопшто и тоа за 1,8 проценти за месец ноември. Редовната продажба е клучна бидејќи на неа отпаѓаат околу две третини од економската активност во САД.

XS
SM
MD
LG