Линкови за пристапност

Пад на светските  берзи по пропаѓањето на договорот  за помош на  автомобилската индустрија во САД


Индексите на пазарот на акции во Европа забележаа пад од четири проценти, како дополнение на глобалниот пад на акциите на берзите во Азија и тоа неколку часа во веста дека не е постигната согласност да им се помогне на трите најголеми производители на автомобили во САД.

Главниот јапонскиот индекс Никеи падна за 5,5 проценти додека вредноста на американскиот долар опадна под 90 јена за прв пат во 13 години.

Неуспехот за спас на како што се нарекуваат „големите три“, влијае и на јапонските автомобилски производители. Вредноста на акциите на Тојота, Хонда и Нисан паднаа преку 10 проценти. Јужнокорејските автомобилски производители Хјундаи и Киа загубија преку 8 проценти од вредноста на своите акции.

За време на денешната прес-конференција во Токио, јапонскиот премиер Таро Асо најави дека на располагање ќе стави стимулативен пакет тежок 255 долари.

Забележан е и пад на акциите на берзите во Хонконг, Сеул, Сингапур, Сиднеј и Тајван.

XS
SM
MD
LG