Обвинителот на Илиноис Лиса Мадиган вели дека е можно да преземе мерка и да го принуди гувернерот на оваа сојузна држава Род Благојевиќ да замине од функцијата откако беше уапсен по обвинение за корупција.
Мадиган вели дека е подготвена да покрене постапка во
Врховниот суд на Илиноис со која гувернерот - нејзин демократски сопартиец, -
би бил прогласен за неподобен да ја извршува функцијата.
Федерални истражни органи го уапсија Благојевиќ под
овинение дека тој бил снимен како се обидува да го „продаде“ сенатското место
на Барак Обама, испразнето со неговиот избор за претседател на САД. Американскиот правобранител Патрик Фицџералд
вели дека гувернерот се обидел да ја употреби моќта на својата функција за
лични добивки – наводно барал високо платени работни места, пари и друг
придонес за кампањата за себе, како и за сопругата, во замена за сенатското
место за кое тој, според законите на Илиноис, одлучувал кој ќе седне на
него.
Обама денес кажа дека е сигурен дека неговата канцеларија не била вмешана во какви и да се зделки во врска со сенатското место и повторно го повика Благојевиќ да даде оставка. Истото го бараат и законодавците во Конгресот на Илиноис, како и демократите во американскиот Сенат, но Благојевиќ ги игнорира повиците. Тој вчера се врати на работа, еден ден откако беше уапсен, па потоа пуштен со кауција да се брани од слобода.