Линкови за пристапност

Гејтс најави нови сили во Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека Пентагон планира да испрати најмалку две дополнителни борбени бригади во Авганистан на почетокот на наредната година. Независно од овие две, веќе е закажано една дополнителна бригада да се распореди во Авганистан во јануари.

Американските армиски команданти побараа четири бригади или преку 20 илјади војници да се приклучат на 3.200-те американски војници кои веќе се во Авганистан, заедно со уште приближно толкав број на војници од земјите-членки на НАТО.

По средбата со виши армиски команданти за време на ненајавената посета на Авганистан, Гејтс денес изјави дека САД и сојузниците треба да дадат „континуиран придонес“ во земјата. Тој кажа дека се работи за „долгорочна битка“, но изрази уверенеост дека на крајот таа ќе заврши со успех.

Пред да допатува во Кандахар, Гејтс изјави дека сака да обезбеди дека авганистанските сили се „во први редови“ во битката против бунтовниците и Талебан.


XS
SM
MD
LG