Линкови за пристапност

Во експлозија во Ирак загинаа најмалку 55 лица


Ова е еден од најкрвавите напади во последните месеци. Талабани беше во Киркук во рамки на претходно планирана посета на овој град во северниот дел на земјата.

Бомбата експлодирала во ресторанот „Абдула“, на 10 километри од Киркук. Командирот на локалната полиција за Гласот на Америка изјави дека има преку 100 повредени.

Според полицијата, во ресторанот имало повеќе гости од вообичаеното поради последниот ден на празникот Курбан-Бајрам. Локалните извештаи наведуваат дека покрај редовните гости, во ресторанот имало и многу владини лица.

Киркук е етнички-мешана област и дом на бројно курдско население. Контролата над градот е предмет на жестока политичка битка бидејќи тој лежи на големи нафтени резерви.

XS
SM
MD
LG