Се` подлабоката рецесија причина американските компании да ја кратат работната сила.
Одделот за труд денес соопшти дека бројот на барања за социјална помош како резултат на невработеност се зголемил за 58.000 и заклучно со 6-ти декември тој изнесува 573.000.
Ова е рекорден број од ноември 1982-ра – наваму.
Властите велат дека се зголемил и бројот на лицата кои продолжуваат да примаат помош поради невработеност – на 4,3 милиони, што е рекорден износ во последните 26 години.
Овие информации доаѓаат во време кога Конгресот го разгледува планот за помош на автомобилската индустрија во земјата. Претставничкиот дом синоќа со 237 гласови „за“ и 170 „против“ го одобри планот за помош на Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, во вредност од 14 милијарди долари. Накоро и Сенатот треба да се изјасни по прашањето.