Линкови за пристапност

На Денот на човековите права Буш на средби со активисти, блогери


Американскиот претседател Џорџ Буш го одбележа Денот на човековите права со средби со активисти од кризниот судански регион Дарфур и блогери од Кина, Бурма, Египет и други земји.

Буш кажа дека не е задоволен од темпото со кое се одвива меѓународната акција во Дарфур и ги повика ОН да забразат со испраќањето на мировници во областа. Тој говореше по средбата во Белата куќа со докторката и авторка Халима Башир, која е коавтор на мемоари за животот во Дарфур („Солзи од пустината: мемоари за опстанокот во Дарфур“), а која на меѓународен план континуирано говори за злосторствата во Дарфур.

Претседателот Буш кажа дека ги поддржува напорите на ОН и Африканската унија, но дека итноста на ситуацијата во Дарфур никогаш не била поочигледна. Тој рече и дека суданскиот претседател Омар Ал-Башир може брзо да ги промени условите во кои живеат тамошните луѓе, но посекако не може да избега од одговорноста за своите постапки.

Буш исто така одржа телефонска конференција со блогери од Египет и Венецуела, додека блогери од Бурма, Иран, Кина, Куба и Белорусија беа негови гости во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG