Линкови за пристапност

Џон Бовемастер – приказни што ќе ја спасат Земјата


Авантуристот, писател и режисер Џон Бовемастер кариерата ја минал на санки со кучиња низ Антарктикот, се спуштал по реките во Кина и Чиле, ги истражувал океаните. Целта му е, вели, спас на планетата.

Бовермастер штотуку го заврши последниот проект – го виде светот од кајак. Патувањето го започна во 1998-ма, од островите меѓу Русија и Аљаска.

-Кајакаревме меѓу прекрасни планини со снежни врвови кои се издигаат од Беринговото Море. Се качувавме по вулканите. Тоа резултираше во две книги и филм.

Успехот му помогнал да собере пари за "Океани 8" - приказни од експедициите на кајак. Неговите екипи патувале по крајбрежјето на Северен Виетнам и Француска Полинезија во Јужниот Пацифик. Кајаците биле влечени илјадници метри во сувите области во Чиле, Аргентина и Боливија, за да го свртат вниманието на ефектите од климатските промени.

Авантуристите кајакареле по ЈадранскотоМоре меѓу Хрватска и Италија и минале неколку месеци на Јужниот Пол. Бовермастер вели дека насекаде видел проблеми во животната средина: претерано рибарење, кревање на нивото на морето, и чести и силни бури и загадување.

Австралискиот остров Тасманија, со својата политика за ограничено рибарење се издвојувал како пример дека може и поинаку, но Бовермастер вели дека законите се добри само ако се спроведуваат.

- Во габон, на пример, бевме свдоци на ме масовно рибарење веднаш до брегот, што е нелегално. Еднаш ги повикавме надлежните во Либревил, главниот град на Габон. Не` прашаа како се вика бродот. Кога им кажавме, рекоа дека веројатно нема ништо да сторат, бидејќи бродот бил во сопственост на сопругата на претседателот.

"Океани 8" резултираше во серија написи во весници и списанија, книги и филмови. Бовермастер се надева дека информациите ќе ја ангажираат имагинацијата и ќе помогнат да се промовираат акции за заштита на планетата.

XS
SM
MD
LG