Линкови за пристапност

Бучковски осуден на казна затвор од 3,5 години - тврди дека процесот е политички монтиран


Поранешниот премиер и водач на СДСМ Владо Бучковски вчера беше прогласен за виновен по обинението за финасиски малверзации и злоупотреба на службена должност. Судот му изрече затворска казна во траење од 3,5 години. Бучковски е обвинет дека како министер за одбрана во 2001-ва година злоупотребил 2,5 милиони евра при набавка на резервни делови за тенкови на АРМ. Според пресудата, Бучковски овозможил за резервните делови да се плати цена неколкупати повисока од потребната.

Заедно со Бучковски, за виновни се прогласени и поранешниот началник на ГШ на АРМ генералот Методиј Стамболиски, советникот во МО Ацо Ѓурчевски, раководителот на Секторот за логистика Нелко Менковски, како и директорот на МЗТ-ФОП Митре Петковски.

Поранешниот премиер Бучковски ја оцени оваа одлука на Основниот суд во Скопје како резултат на политички притисок врз судот, а целиот процес како политички монтиран.

- Најблаго речено, одлуката е скандалозна. Очигледно, коректноста на судијката беше скршена во последните неколку дена. Што се случуваше веројатно може да знае само судијката Маркудова. Оваа скандалозна одлука само покажува дека судските одлуки се носат надвор од судската зграда, рече Бучковски.

Слична квалификација за судскиот процес изнесоа и другите осудени, како и нивните бранители. Адвокатите најавија жалба пред Апелациониот суд, потецирајки дека очекуваат повисоката судска инстанца да ја прифати нивната жалба.

Денес единствени со реакција за судтката пресуда во јавноста истапија социјалдемократите. Кусо соопштија дека не коментираат судски пресуди, но дека ќе ги искористат сите правни инструменти за да докажат дека нивниот поранешен водач е невин.

Инаку, опзиционите социјалдемократи бурно реагираа кога Обвинителството покрена обвинение против Бучковски. Тогаш опозицијата заедно со своите симпатизери протестираше пред Основниот суд кога во него се одлучуваше дали на Бучковски треба да му се одреди мерка притвор. Таква мерка не беше донесена, а владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека врши притисок врз судството, организирајќи протести пред зградата на судот.

Судењето против поранешниот премиер започна во октовмври минатата година. Ова е прва пресуда против поранешен премиер на Владата на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG