Линкови за пристапност

Владина помош за автомобилските производители – на потег е Конгресот


Американските законодавци се близу до договор со кој би го ставиле на гласање пакетот-помош од 15 милијарди долари за автомобилската индустрија погодена од криза, без оглед на тоа што демократите и републиканците и натаму се препираат поради неразрешените детали.

Претставничкиот дом би можел да гласа уште денес. Доколку мине, мерката ќе наиде на силен отпор меѓу републиканците во Сенатот, кои тврдат дека таа не е доволна да обезбеди дека автомобилските производители ќе спроведат реформа во работењето.

Владата на претседателот Џорџ Буш и демократските лидери во Конгресот постигнаа начелна спогодба за итни кредити за Џенерал Моторс и Крајслер, за да можат да продолжат со работењето во наредните неколку месеци. Форд Моторс исто така ќе има пристап до владини пари, но нема веднаш да добие кредит.

Спогодбата предвидува претседателот да именува владино лице кое ќе ја надгледува помошта за автомобилската индустрија. Лицето дури би имало и овластување да ги повлече кредитите и да ги турне компаниите во банкрот доколку не ги исполнат целите во работењето

XS
SM
MD
LG