Линкови за пристапност

Глобална економска криза – најнови на удар Кина, рударските компании


Забавената глобална економија и намалената побарувачка се одразија и на Кина, која денес објави дека нејзиниот извоз во ноември опаднал за првпат во последните седум години, и тоа за преку два проценти, во споредба со минатата година.

Кинеските лидери на крајот на тридневната средба посветена на економската ситуација соопштија дека планираат да ги скратат даноците и да ја зголемат потрошувачката за да ја стимулираат економијата.

Официјален Пекинг минатиот месец најави стимулативен пакет од 586 милијарди долари за заштита на оваа четврта најголема економија во светот од глобалната финансиска криза.

Третата по големина рударска компанија во светот, пак, исто така е во криза, поради намалената побарувачка на метали. „Рио Тинто“ со седиште во Британија најави дека ќе затвори 14.000 работни места ширум светот, или речиси 13 проценти од работната сила.

XS
SM
MD
LG