Линкови за пристапност

Буш вели дека е време Мугабе да замине 



Во писмена изјава, претседателот на САД бара заминување на Мугабе, што не е прв ваков апел од висок американски претставник и уследи по слична изјава минатата недела од државниот секретар Кондолиза Рајс.

Се чини дека тоа сигнализира нова нагласка во политиката на администрацијата на заминување, која е поттикнување на притисок од светот врз Мугабе, да вложи искрен напор во работа со опозицијата на планот на поделба на власта.

Претседателот вели дека Африканците од целиот континент започнуваат храбро да зборуваат против Мугабе, кој бил на чело на државата речиси 30 години и другите ги поттикна да се приклучат на „хорот" за завршување на тоа што тој го нарече тиранија на Мугабе.

Не споменувајќи поделба на власта, претседателот кажа дека САД се подготвени да помогнат Зимбабве повторно да изгради „легитимна" влада која ќе ги одразува изборните резултати од минатиот март.

Опозиционото движење за Демократска промена го доби првиот круг на изборите, давајќи му ги гласовите на опозициониот лидер Морган Чангирај. По политичката парализа во која западна државата, Чангирај се повлече од натамошната трка заради заплашувања и насилство против неговите поддржувачи. Јужна Африка помогна да се направи договор за поделба на власта, но Мугабе и покрај тоа одби да направи позначајни отстапки.

На брифинг во Стејт Департмент портпаролот Шон Мекормак кажа дека дека процесот за поделба на власт било фарса.

XS
SM
MD
LG