Линкови за пристапност

Белата куќа и Конгресот работат на пакетот-помош за автомобилските производители


Американски законодавци и претставници на Белата куќа велат дека оствариле напредок во разговорите за предлогот за помош на автомобилската индустрија погодена од економската криза.

Водачот на демократското мнозинството Сенатот Хари Рид се надева дека спогодбата наскоро ќе биде ставена на гласање – најверојатно до среда.

Доколку биде усвоен, пакетот-помош ќе обезбеди 15 милијарди долари за Џенерал Моторс, Форд и Крајслер - трите главни автомобилски производители во САД, за да можат да продолжат со работа во наредните неколку месеци.

Директорите на овие компании се под силна критика од страна на пратеници во Конгресот, Белата куќа и даночните обврзници поради тоа што наводно лошо управувале со компаниите и ја игнорирале потребата за производство на поекономични автомобили.

Па сепак, новоизбраниот американски претседател Барак Обама, кој допрва треба да стапи на функцијата, вели дека САД не можат да си дозволат да ја загубат автомобилската индустрија – клучен дел на производниот сектор.

XS
SM
MD
LG