Линкови за пристапност

Гувернерот на Илиноис обвинет за корупција 


Иследниците го уапсија гувернерот Благојевиќ заедно со неговиот шеф на кабинетот Џон Харис. Обвинителите велат дека уште пред три години започнале истрага за корупција во случајот со гувернерот, кој доаѓа од Демократската партија. Гувернерот по појавувањето пред судија беше пуштен да се брани од слобода откако плати кауција од 45.000 долари.

Во изјавата на владиниот Оддел за правда стои дека Благојевиќ неодамна се обидел да изнуди високо платени работни места, пари или друг вид на придонес за неговата кампања и за неговата сопруга, во замена за назначување на сенатското место од Илиноис испразнето со изборот на Барак Обама за нов претседател на САД. Според законите на Илиноис, гувернерот на оваа сојузна држава во таков случај е одговорен да именува нов сенатор.

Обама изјави дека немал контакт со гувернерот во врска со сенатското место.

Одделот за правда го обвинува Благојевиќ и дека барал поткуп и се заканувал дека ќе ја задржи владината помош за новинската компанија Трибјун доколку таа не отпушти новинари кои негативно пишувале за него.

Благојевиќ во понеделникот за новинарите изјави дека иследници тајно снимале негови разговори и порача дека неговите разговори се „секогаш законски“.

Благојевиќ го наследи на функцијата Џорџ Рајан, гувернер од Републиканската партија, кој во моментов отслужува казна затвор од шест години за корупција во времето додека бил гувернер и претходно државен секретар на Илиноис.

XS
SM
MD
LG