Линкови за пристапност

Сузан Рајс назначена за нов амбасадор на САД во ОН


Сузан Рајс пред една деценија служела во клинтоновата Бела куќа како едена од најмладите воопшто именувани за функцијата помошник државен секретар за африкански прашања. На 32годишна возраст во нејзина надлежност имала повеќе од 40 држави.

Кога Ал-Каида изведе бомбашки напади на американските амбасади во Танзанија и Кенија, Рајс беше силно инволвирана во официјалниот одговор од американската влада.

Откако Барак Обама ја именува за амбасадор во ОН, таа изборот на Обама го нарече „сигнал за светот дека Америка е на пат на промена “ и кажа дека мора да одговори на новиот предизвик, што појасни дека за неа значи спречување на конфликт, промовирање на мир, борба против тероризмот, спречување на употреба на нуклеарно оружје, справување со глобалното затоплување, геноцид, сиромаштија и болести.

Сузан Рајс е родена во 1964. Има дипломи од универзитетите Стенфорд и Оксфорд.

По службата во владата, Рајс ја кревала јавната свест за ужасите што ги видела во Руанда, во 1994. Дала збор дека ќе стори се што може да се спречи идно масовно убиство.

Неодамна, Рајс го повика Конгресот да употреби сила за прекинување на крвопролевањето во регионот Дарфур, во Судан, каде според проценката на ОН 300 илјади луѓе умреле.

Како претставник на Брукингс институцијата во Вашингтон ДЦ, минатата година таа сведочела пред Сенатот за ситуацијата во Дарфур. Медиумите ги пренесоа нејзините зборови:

"Да бидам јасна – не дојдов лесно до заклучок дека треба да употребиме воена сила. Исто како и вие, сенаторе Бајден, јас не сакам убивање, но мислам дека во одреден момент мора да се запрашаме кога е доста. "

Во ОН, Рајс ќе се судри со заостанатите тензии во врска со бушовата администрација и одлуката во 2003 да влезе во војна во Ирак, а подоцна и со притисокот за реформа на светската организација.

Но, дипломатската заедница на Рајс гледа како на противник на војната, а поврзаноста со новата администрација ја смета за предност. Нејзиното назначување треба да биде потврдено од Сенатот.





XS
SM
MD
LG