Линкови за пристапност

Судија вели дека  осомничени за нападите од 11 септември ќе се изјаснат за виновни


Американски армиски судија од притворниот центар Гвантанамо, во Куба, вели дека пет лица кои се обвинети за заговор за терористичките напади од 11-ти септември 2001, побарале да се изјаснат за виновни.

Судијата Стефан Хенли прочитал поднесок од обвинетите, меѓу коие е и наводниот осмислувач на нападите од 11 септември, Калид Шеик Мохамед, со кој бараат итен судски распит за да ги објават признанијата.

Судијата потоа и поединечно ги сослушал петтемина обвинети кои самите се застапувале, со цел да потврди дека тие навистина сакаат да ги повлечат сите судски дејствија кои претстојат и да се изјаснат за виновни. Тие велат дека одлучиле да признаат на 4-ти номеври – датумот кога Барак Обама беше избран за претседател на САД.

Обама кажа дека сака да го затвори контроверзниот објект во Гванатанамо, Куба, откако ќе ја преземе функцијата следниот месец и дека приведените ќе бидат судени во цивилни или воени судови во САД, наместо на специјален трибунал.

Мухамед претходно пред судот се изјасни дека сака да биде егзекутиран, што ќе му помогне да добие статус на маченик.

Денешниот распит го следеа членови на семејствата на пет жртви од нападите. Нив ги одбра Пентагон од повеќе од 100 пријави. Беа сместени во задниот дел на судницата, одвоени од обвинетите, на кои не им беше дозволено да им се обратат.

XS
SM
MD
LG