Новоизбраниот претседател Барак Обама изјави дека американската економија ќе биде уште полоша - пред да почне да се подобрува.
Во
телевизиско интервју за емисијата – „Средба со печатот“ на Ен-Би-Си,
Обама го нарече губењето на два милиони работни места и нестабилноста
на меѓународниот финансиски систем - голем проблем.
Тој рече дека
еден од неговите први приоритети кога ќе ја преземе канцеларијата на
20-ти јануари ќе биде поддршка за главни инфраструктурни проекти кои ќе
отворат работни места.
Обама истакна дека таквата мерка ќе и помогне на економијата во насока на долгорочен растеж.
Обама
рече дека владата нема да дозволи ослабената авто-индустрија на САД да
пропадне. Но, тој истакна дека владата не треба да раководи со
компаниите и оти нејзината поддршка треба да биде во создавање услови
со цел да се произведуваат автомобили со помала потрошувачка.
Авто-индустријата
е главен дел од американскиот производствен сектор, што претставува
една петтина од најголемата економија во светот.