Линкови за пристапност

Изгубени 500 илјади работни места; Буш загрижен


Американскиот претседател Џорџ Буш вели дека е многу загрижен за поплавата од работници кои неодамна останале без работа и за тоа што некои автокомпании може да не преживеат.

Тој зборуваше откако владата објави дека американската економија изгубила половина милион работни места во ноември – најголемо опаѓање во 34 години.

Буш кажа дека неговата администрација работи на причината на проблемот – колапсот на пазарот на недвижнини и слабите можности за кредитирање. Тој рече дека кредитниот пазар започнува да се опоравува.

Новоизбраниот претседател Барак Обама вети дека ќе одговори на економската ситуација со „ургентна решителност", но предупреди дека ќе треба време да се поправи проблемот.Во меѓувреме директорите на американската автоиндустрија минаа уште еден ден на Капитол Хил барајќи владини заеми.

Претседателот Буш го поттикна Конгресот веднаш да реагира по прашањето, но додаде дека е загрижен за одговорноста на компаниите кои сакаат да добијат финансиска помош од даночните обврзници.

XS
SM
MD
LG