САД и Кина ги завршија дводневните разговори на високо ниво во Пекинг посветени на економската ситуација, со ветување дека ќе обезбедат 20 милијарди долари за стимулирање на меѓународната трговија.
Обете земји на крајот на средбата насловена „Стратешки економски дијалог“ потпишаа договори за проекти од енергетиката и заштитата на животната средина. САД и Кина воедно ветија соработка во зајакнување на глобалниот економски систем и борба против трговскиот протекционизам.
Секретарот за финансии Хенри Полсон, кој ја предводеше американската делегација, изјави дека 20-те милијарди долари ќе им бидат на располагање на увозници со солидна кредитна историја од земјите во развој, со цел да се финансира извозот од САД и Кина.
Полсон воедно го потврди ставот на Вашингтон за потребата Пекинг да воведе реформи за својата валута. САД велат дека јенот е претставен под вистинската вредност, со што на кинеските извозници им се дава неправедна предност во цената, што пак придонесува за трговски суфицит во земјата.
Гувернерот на Кинеската централна банка Жу Ксиачуан, пак, ја фрли кривицата за економската криза на прекумерностите во американскиот финансиски систем.