Линкови за пристапност

Во ноември најголем број отпуштања од работа во САД во споредба со последните 34 години


Денес издадениот извештај на Одделот за труд наведува дека во ноември работата ја загубиле 533 илјади лица, додека стапката на невработеност нараснала за две десетини од процентот. Невработеноста од 6,7 проценти е најлош износ од почетокот на 1990-те – наваму.

Во пораката до медиумите, новоизбраниот американски претседател Барак Обама кажа дека секое загубено работно место претставува „лична криза“ за по едно американско семејство. Тој додаде дека е време да се одговори на економската ситуација со „итна решителност“, но предупреди дека ќе биде потребно време за да се разреши проблемот. Владата на заминување на претседателот Буш исто така изрази загриженост поради податоците во извештајот.

Првите луѓе на таканаречените „Големите три“ автомобилски производители во САД денес повторно пред Конгресот ќе побараат значитечна владина помош. Директорите на Форд, Крајслер и Џенерал Моторс ќе сведочат пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом за барањето да добијат владин заем од 34 милијарди долари. На преходен распит во Сенатската комисија за банкарство, директорите предупредија дека милиони луѓе би останале без разбота доколку автомобилската индустрија доживее колапс.

Ова е по вторпат во последниве два месеца директорите на автомобилските компании на распити во Конгресот да побараат помош. Индустријата се тетерави поради глобалниот економски пад, се` поретките кредити и намалениот интерес на потрошувачите. За време на претходниот распит минатиот месец, директорите се најдоа на удар на критики во Конгресот за начинот на кој управувале со бизнисите, како и за фактот дека во Вашингтон за потребите на распитот пристигнаа со скапи приватни авиони. Конгресните пратеници им наложија неделава да се вратат се детални планови за реструктуирање на компаниите. Директорите на распитот најавија дека ќе пропизведуваат поекономични возила, како хибридни и електрични, на пример, а ветија и дека ќе ги преуговорат спогодбите со работниците, кредиторите и набавувачите на материјали, со цел да ги намалат трошоците. Тие исто така прифатија строга владина контрола на процесот.

Претседавачот на Комисијата за Банкарство, демократскиот сенатор Крис Дод вчера кажа дека индустријата е пред „смртна казна“, како и дека за изработка на план за излез од ситуацијата ќе биде потребно чудо.

Ричард Шелби, главниот по ранг републиканец во Комисијата, рече дека е против планот за спас и изрази сомневање во способноста на директорите да ги реструктуираат автомобилските компании.

Конгресот би можел да гласа за помош за автомобилската индустрија наредната недела, кога ќе одржи куса пост-изборна седница.

XS
SM
MD
LG